Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во вода, повредите на рбетот често носат траен инвалидитет

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во вода, повредите на рбетот често носат траен инвалидитет

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ летово не се регистрирани нови случаи на тешки повреди при скокање во плитка вода, со исклучок на момчето кое претрпе тешка повреда во Турција, информираше директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски.

Д-р Мерџановски потенцираше дека е неопходно продолжување на превентивните кампањи за да се подигне свеста кај младите и кај родителите за опасностите што ги носат ваквите невнимателни постапки.

„Не треба да се скока во базени и во непроверени води. Доколку се прави тоа, мора да биде исклучиво во контролирани услови и под стручен надзор“, предупреди Мерџановски.

Тој појасни дека скоковите во плитка вода најчесто предизвикуваат повреди на вратните пршлени и рбетниот мозок, кои спаѓаат меѓу најтешките трауматолошки повреди. Дополнително нагласи дека овие повреди во најголем број случаи се иреверзибилни и зад себе оставаат траен инвалидитет.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни