По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.
Според одлуката објавена во „Службен весник“, шест осуденици се потполно ослободени од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, додека за 19 лица казната е делумно намалена.
Целосно ослободени од затворска казна се:
- Илин Анушев (Скопје)
- Трајчо Танчев (Кавадарци)
- Амир Саити (с. Чегране, Гостивар)
- Борче Настески (с. Тажево, Македонски Брод)
- Благојче Петрески (Прилеп)
- Амин Хајчоски (с. Осој, Кичево)
Во вториот дел од одлуката, 19 осуденици добиваат делумно намалување на затворските казни, при што најголемиот дел од нив се ослободуваат од 5 до 9 месеци. Најголемо намалување на казната му е одредено на Имер Шефије Јакупи од кичевското село Зајас, кој добива скратување на казната затвор за 1 година и 6 месеци.
Одлуката за помилување е донесена врз основа на член 84 од Уставот и Законот за помилување, а стапува на сила веднаш по нејзиното донесување.
Потполно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица:
- Илин Љупчо Анушев од Скопје;
- Трајчо Борис Танчев од Кавадарци;
- Амир Надир Саити од с.Чегране, Гостивар;
- Борче Трајан Настески од с.Тажево, Македонски Брод;
- Благојче Рубин Петрески од Прилеп;
- Амин Меркис Хајчоски од с.Осој, Кичево;
II Делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор осудените лица: - Исмаиљхаки Хаџиу од Скопје, за 8 месеци;
- Јетула Исмаил Селими од Скопје, за 5 месеци;
- Кадир Наим Зулбеари од с.Церово, Тетово за 5 месеци;
- Александар Видан Атанасовски од с.Страцин, Кратово за 5 месеци;
- Садат Рамадан Нухији од Куманово, за 5 месеци;
- Тархан Узеир Шакиров од с.Банско, за 9 месеци;
- Стојанче Мите Штеријов од Штип, за 5 месеци;
- Марјан Јован Антиќ од с.Мокрино, за 5 месеци;
- Ѓорге Никола Белчев од Гевгелија, за 9 месеци;
- Христијан Митко Ѓоргиев од Гевгелија, за 5 месеци;
- Бобан Панче Јосифоски од Прилеп, за 5 месеци;
- Антонио Драган Мирчевски од Охрид, за 5 месеци;
- Христијан Боро Крстески од Струга, за 5 месеци;
- Георгиевски Александар Божидар од Скопје, за 5 месеци;
- Каранфиловски Бобан Никола од Куманово, за 5 месеци;
- Зенула Имер Јусуфи од с.Кочилари, општина Градско, за 5 месеци;
- Алии Метуш Авни од Скопје, за 5 месеци;
- Јахја Мустафа Мухамед од Скопје, за 5 месеци;
- Јакупи Имер Шефије од с.Зајас, Кичево, за 1 година и 6 месеци;