Трагичен епилог доби потрагата по 71-годишниот М.М. од Скопје, кој на 8 август исчезна во водите на Преспанското Езеро кај селото Сливница, Ресенско.
На 11 август во 13:15 часот, специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“ го извлекла неговото тело од езерото, кај туристичката населба Претор.
Според пријавата до СВР Битола, на 8 август околу 12:20 часот, М.М. скокнал од чамец во езерото за да ги земе веслата кои паднале во водата, по што не излегол на површината. Потрагата по него траела неколку дена, а во неа била вклучена и специјализираната нуркачка екипа од САЕ „Тигар“.
Увид на местото извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Клиничката болница во Битола, каде што ќе биде извршена обдукција.