Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па ја тепал и се заканил дека ќе го запали семејството

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па ја тепал и се заканил дека ќе го запали семејството

Основното јавно обвинителство во Тетово поведе постапка против педесетгодишен тетовец, за кого постојат основи на сомнение дека сторил кривични дела загрозување на сигурноста по член 144 став 3 во врска со ставовите 2 и 1, како и неизвршување судска одлука по член 377 став 5 од Кривичниот законик.

Според наведеното, на 14 август, при инцидент на семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил по животите на својата сопруга и неговата ќерка. Откако во домот дошле непознати лица и побарале да им бидат вратени 200 евра што му ги дале за наводно лекување и дијализа на девојчето, сопругата признала дека биле измамени и најавила дека ќе повика полиција. Во тој момент, осомничениот почнал да ја удира ќерката и се заканил дека ќе ги запали доколку полицијата го приведе.

Со ваквото постапување, тој предизвикал чувство на загрозеност и страв кај оштетените, а истовремено ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство што претходно му биле изречени од Основниот суд во Тетово.

Ценејќи ги околностите на случајот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни