Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура вода на секои четири минути над Драгов Дол

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура вода на секои четири минути над Драгов Дол

Директорот на ДЗС, Стојанче Aнгелов истакна дека заради зголемување на ефикасноста на полицискиот хеликоптер, кој учествува во гаснењето на пожарот на тешко пристапен терен над с. Драгов Дол, Општина Македонски Брод, наместен е монтажен базен во непосредна близина на пожарната линија и на реката Треска.

„Со овој потег овозможивме хеликоптерот наместо да лета до езерото Козјак одалечено 15-ина минути летање од пожарот, денес да полни вода од базенот во непосредна близина со што на секои три до четири минути истура тон вода врз критичните точки од пожарот.

Благодарност до 25-те доброволни пожарникари кои се дел од Модулот за шумски пожари на ДЗС, до 5-те оперативци на ДЗС кои работат со нив и до професионалните пожарникари од Македонски Брод кои неуморно со денови се борат со огнот на терен“, вели Ангелов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни