Сомнеж за злоупотреба на службената положба и присвојување на голема сума пари е утврден во банка во Гевгелија, каде вработен наводно неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници.
ОВР Гевгелија поднело кривична пријава против К.К. (52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Според пријавата, осомничениот во периодот од 7 ноември 2025 до 3 март 2026 година, додека работел како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил пари кои му биле доверени во рамки на неговата работа.
Станува збор за вкупно 4.920.000 денари и 63.350 евра.
Како што информира полицијата, К.К. без налог од корисниците неовластено пристапувал до нивните денарски платежни сметки, при што ги преземал средствата и предизвикал материјална штета на банката.
За случајот е поднесена кривична пријава, а понатамошното постапување е во надлежност на институциите.