Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

На ден 26.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 3 се под контрола, а 11 се изгаснати.

Активни пожари – 5:
Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума;
Општините Гостивар и Македонски Брод – с. Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод), нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат;
Општина Зелениково – с. Тисовица, мешана шума и ниска вегетација;
Општина Чашка – над с. Нежилово, м.в. Сватови, ниска вегетација и смреки;
Општина Ново Село – Ново Село, депонија.

Пожари под контрола – 3:
Општина Кичево – с. Тајмиште, м.в. Дарда, високостеблеста букова шума;
Општина Кавадарци – градска депонија „Мелци“, ѓубре;
Општина Делчево – депонија, ѓубре.

Изгаснати пожари – 11:
Општина Желино – с. Желино, ниска вегетација, меѓи и грмушки;
Општина Желино – с. Стримница, ниска вегетација;
Општина Теарце – с. Одри, ниска вегетација;
Општина Македонски Брод – помеѓу резерватот „Јасен“ и с. Брезница, ниска вегетација и борова шума;
Општина Кичево – с. Зајас, ниска вегетација;
Општина Делчево – с. Ветрен, ниска вегетација и мешана шума;
Општина Делчево – с. Бигла, одложена кожа во кожара „Годел“;
Општина Градско – с. Виничани, ниска вегетација;
Општина Гостивар – с. Форино, ниска вегетација;
Општина Росоман – с. Манастирец, лозови и овошни насади;
Општина Росоман – с. Росоман, ниска вегетација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни