Спорт

Ноле ја „отвори душата“: Целото тело почна да ми се распаѓа

Ноле ја „отвори душата“: Целото тело почна да ми се распаѓа

Откако за прв пат во својата кариера беше елиминиран во првото коло на САД Опен, Ѓоковиќ отворено зборуваше за проблемите со кои се соочуваше на теренот во мечот против Аргентинецот Маријано Навоне. Србинот едвај го доигра мечот кој на крајот го загуби со 3:2 во сетови, а потоа ја „отвори душата“ на прес-конференцијата.

„Чувството на теренот… За жал, се справував со тоа во речиси секој меч оваа година. Гадење, повраќање, сериозни проблеми… И потоа целото тело едноставно почнува да се распаѓа – грчеви, болка и тоа е тоа“, рече тој. Додаде дека грбот, рамото и коленото на крајот му откажаа. „Не можев да го завршам натпреварот. Заостанував во четвртиот сет. Се мачев цело време, од четвртиот гем. Не сакам да ја потценам неговата победа. Честитки до него, тој е одличен човек и одличен борец, но јас не уживав во мечот.“

Кога го прашаа дали може да ги реши своите здравствени проблеми, Ѓоковиќ одговори со доза на неизвесност. „Не знам. Се обидувам, човече, се обидувам. Ќе видиме. Не би навлегувал во детали сега. Само се обидувам да сфатам што се случува и колку далеку можам да одам на овој начин.“, искрен беше Србинот.

Ѓоковиќ призна дека размислувал да се откаже за време на натпреварот, што не е негова вообичаена практика. „Го направив, го направив, го направив. Но, потоа го добив сетот, потоа во третиот… И потоа си помислив: „Добро, можеби има шанса“. Не сакав да се откажам, сакав да го завршам натпреварот.“

Тој, исто така, се осврна на прекинувањето на серијата од 20 години без пораз во првото коло на еден Гренд слем. „Да, тоа е добар рекорд, уште еден по ред. Но, не размислувам за тоа. Секако дека сум многу горд на сите претходни успеси, но ова сега е реалноста“, додаде 24-ри кратнито освојувач на Гренд-слем титули.

Ѓоковиќ не заборави да се заблагодари на големата поддршката што ја добиваше од публиката.

„Беа одлични. Многу сум благодарен што го доживеав тоа“, рече Ѓоковиќ. Сепак, чувството на теренот беше сосема поинакво. „Што се однесува до самиот натпревар и како се чувствував во моето тело и како играв… навистина не беше пријатно. Буквално го мразев секој момент што го поминав на теренот денес. Што се однесува до публиката и поддршката, искрено, беше неверојатна. Од самиот почеток, тие се обидуваа да ме подигнат во важните моменти. Многу ми е жал што поради нив не одиграв како што требаше, можев или сакав. Љубовта и почитта што ми ја покажаа на крајот навистина ме трогнаа“, заврши Ѓоковиќ на прес-конференцијата по поразот од Аргентинецот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни