Светски познатиот тенор Хозе Карерас настапи вечерва во Скопје, на плоштадот Македонија, во срцето на главниот град, по повод одбележувањето на 35 години независност на Македонија.
Во посебен момент од концертот, Карерас заедно со македонските музички ѕвезди ја изведе легендарната „Едно име имаме“, пред многубројната публика на плоштадот.
Настапот предизвика големи овации, а изведбата беше еден од најемотивните моменти на свечената вечер.