Премиерот, Зоран Заев во законодавниот дом ги бранеше предлозите за нови министри во Владата. Заев предложи министерка за финанси да биде Нина Ангеловска, а Хисни Џемаили министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима. Премиерот рече дека двајцата нови министри ги смета за сериозно засилување на владините капацитети.
Но, овој предлог на Владата, предизвика реакции кај опозицијата. Пратеникот Илија Димовски направи компарација со состојбата на владата на ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на бомбите и сегашната влада по објавувањето на аферата Рекет.
Но Премиерот излезе со реплика. Во вашето владеење, сум слушнал многу во бомбите, сега јас лично го пријавив случајот „Рекет“ рече тој.
Пратеникот Мисовски потсети на една од бомбите на СДСМ, каде се слуша гласот на поранешниот министер за финансии, Зоран Ставерски, кој вели дека Груевски му побарал да прави незаконски работи, кои се во врска со милионски кредит.
Веднаш реплицираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот Зоран Заев изјави дека економските политики на Владата даваат резултат. Тој рече дека приходите од персоналниот данок се зголемени за 15.6%. За изборот на министрите во Собрание се потребни 61 гласа.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ