Македонија

МВР со засилени контроли: 11 возачи приведени во едно деноноќие

МВР со засилени контроли: 11 возачи приведени во едно деноноќие

Единаесет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради сомнение за безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полициските службеници интервенирале на повеќе локации низ државата, а меѓу приведените дури 10 лица управувале возила без да имаат положено возачки испит.

Станува збор за Ј.В. (39), Е.Р. (30), С.М. (39) и 17-годишник од Скопје, Р.М. (24) од Битола, 42-годишната Џ.В. и Љ.Р. (64) од демирхисарскиот регион, 18-годишната М.А. и Ј.Д. (22) од Прилеп, како и Ј.С. (36) од Кочанско.

Полицијата го лишила од слобода и М.К. (40) од Македонски Брод, кој бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат правилата и прописите. Особено се предупредува да не се управуваат возила без положен возачки испит, за време на изречена забрана за управување, како и под дејство на алкохол.

„Само со одговорно однесување на сите учесници во сообраќајот можеме заеднички да придонесеме за поголема безбедност на патиштата“, посочуваат од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни