Македонија

ЦУК: 26 пожари на отворено до 18 часот, шест сè уште активни

ЦУК: 26 пожари на отворено до 18 часот, шест сè уште активни

Состојбата со пожарите на отворен простор и понатаму бара зголемено внимание. До 18 часот денеска се регистрирани вкупно 26 пожари, од кои шест се активни, четири се ставени под контрола, додека 16 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во шест општини.

Во Општина Струга пожарот е активен на потегот од селата Буринец, Локов и Селце до Елевци, каде што гори нискостеблеста шума.

Во Македонски Брод активен е пожарот во село Белица, во местото викано Кајорец кон село Брезница, кај репетиторот, каде што е зафатена нискостеблеста и мешана шума.

Во Општина Гостивар гори во атарот на село Печково, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија.

Активен пожар има и во село Норово, Општина Крушево, каде што гори нискостеблеста дабова шума.

Во Општина Ново Село активен е пожарот кај село Барбарево, додека во Општина Чучер-Сандево гори во месноста Рамно кај село Брест, каде што е зафатена мешана шума.

Под контрола се ставени четири пожари.

Во Општина Кичево пожарот во село Тајмиште, месност Дарда, е ставен под контрола, како и пожарот во село Копаница во Општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

Под контрола е и шумскиот пожар во село Бенче, Општина Македонски Брод, додека во Делчево пожарот на градската депонија е локализиран и се следи состојбата.

Во текот на денот целосно се изгаснати 16 пожари. Меѓу нив се пожарите кај Новите гробишта во Прилеп, во селата Долгаец, Локвени, Алданци, Ситник, Сирково, Гајре, Милетино, Палатица, Падалиште и Шишево, како и пожарите во местностите Честово, Црн Камен и кај Градските гробишта во Крушево.

Изгаснати се и пожарите на улица „56“ во Ѓорче Петров и во Бардовци, Општина Карпош.

Од ЦУК апелираат на максимална внимателност и одговорно однесување на отворен простор, особено во услови кога високите температури и сувата вегетација го зголемуваат ризикот од брзо ширење на огнот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни