Македонија

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со забрана и тројца пијани

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со забрана и тројца пијани
Фото: 4news.mk

Полицијата во изминатото деноноќие санкционирала сериозни прекршоци во сообраќајот, при што 21 возач бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Од МВР информираат дека 14 од приведените возачи управувале без положен возачки испит. Станува збор за Б.С.(18), А.Б.(20) и Е.М.(21) од скопско, Б.Ф.(24), А.Ч.(19) и Е.Ј.(28) од Скопје, Т.Т.(62) од Велес, Б.А.(36) од село Мелница, општина Чашка, А.Ш.(26) од Битола, А.С.(18) од битолско, Х.Р.(18) од Охрид, Н.М.(44) од валандовско, А.И.(28) од тетовско и Ф.Ј.(24) од Тетово.

Дополнително, тројца возачи биле лишени од слобода поради управување возило под дејство на алкохол. Станува збор за С.К.(54) од Скопје, Т.С.(68) од радовишко и Д.С.(41) од тетовско.

Четворица други возачи, пак, биле приведени бидејќи управувале возило и покрај активна забрана за управување. Меѓу нив се Д.С.(32) од Кичево, С.М.(32) и Г.П.(42) од Скопје и С.Т.(55) од Кавадарци.

Од МВР велат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Полицијата повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат без положен возачки испит, со активна забрана за возење или под дејство на алкохол, со цел да се придонесе кон поголема безбедност на патиштата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни