Балкан

Во Бугарија пронајден уникатен женски прстен од византискиот период

Во Бугарија пронајден уникатен женски прстен од византискиот период

Во јужна Бугарија, на неколку километри од границата со Грција, во близина на Златоград, е пронајден редок златен печатен прстен од 14 век со изгравирано женско име, соопшти „Хистори блог“.

На рамната овална површина длабоко е изгравиран титулот и името „Севаста Марија Скулена“. Поради неговата многу мала големина, стручњаците првично претпоставиле дека можеби му припаѓал на дете, но откако било утврдено дека станува збор за печатен прстен, таа можност била отфрлена. Децата не користеле печати со сопствени имиња и титули за заверка на документи; најверојатно Марија Скулена го носела на малиот прст.

Титулот „севаст“, што значи „почитуван“ или „свет“, првпат бил воведен од византискиот император Алексеј Комнин во 11 век и се доделувал само на личности од исклучително висок ранг на дворот во Константинопол. Со текот на времето титулата ја изгубила својата ексклузивност и до 14 век можеле да ја носат и припадници на локалните елити.

Документи од архивите на Лаврата на Атон бележат член на семејството Скулес, земјопоседник со значителни имоти во Егејска Македонија, на оддалеченост од 80 до 130 километри од Златоград, како и во Родопите, во 1338 година. Михаил Скулес ја извршувал должноста „генерален судија на Ромејците“ во 1371 година и ја носел титулата „севаст“. Марија Скулена веројатно била негова сопруга и несомнено имала висока општествена положба, бидејќи поседувала сопствен печат.

Прстенот го купил приватен колекционер, инженерот Александар Митушев, па за неговиот првичен археолошки контекст, за жал, нема податоци; единствената информација е дека неодамна бил пронајден во близина на Златоград. Митушев официјално ја пријавил наодот во надлежните служби за заштита на културното наследство, а минатата недела за првпат го изложи во Археолошко-етнографскиот музеј во Златоград, музеј што тој го основал и и понатаму го развива.

Потсетуваме дека во некропола во Салона, Хрватска, беше пронајден скелет од римскиот период, погребан со лицето надолу и опкружен со уникатна збирка стаклени и керамички предмети, а во населба, проколната од Исус, беше откриен артефакт стар 1500 години. Во друг случај, натпис на древен прстен откри нова тајна за Понтиј Пилат, а пророчтвото на Нострадамус по 500 години повторно го вознемири светот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни