Против 63-годишен жител на Свети Николе е поднесена кривична пријава поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го пријавила С.Б., кој во текот на 2025 година бил директор на ЈЗУ Здравен дом „Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски“ во Свети Николе.
Според пријавата, тој не постапил согласно одредбите од Законот за користење и располагање со ствари во државна и општинска сопственост, односно без да спроведе соодветна постапка и без да обезбеди потребна согласност од Владата, отуѓил движни ствари.
Од МВР наведуваат дека станувало збор за движни ствари за кои немало соодветни податоци за нивниот вид и количина, а нивната вкупна вредност била проценета на 75.000 денари.
Со преземените дејствија, според пријавата, пријавениот овозможил трети лица да се стекнат со противправна имотна корист, при што на Министерството за здравство му била нанесена материјална штета во износ од 75.000 денари.