Македонија

Мексикански државјанин осомничен за напад врз полицаец во Скопје

Мексикански државјанин осомничен за напад врз полицаец во Скопје

На 21 септември 2026 година, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин, осомничен за кривичното дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, согласно член 383 став 1 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 19 септември за време на манифестацијата „Октоберфест – звуците на културата“ во паркот „Ѓорче Петров“ во Скопје, кога осомничениот физички повредил полициски службеник кој се обидел да го легитимира. Тој го удрил полицаецот со лименка пиво во главата, по што повторно физички го нападнал и го удирал по рацете додека полицаецот се обидувал да го приведе.

Имајќи предвид дека лицето нема пријавен престој во државата, јавниот обвинител оцени дека постои опасност од бегство и до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор за 31-годишниот осомничен.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни