Македонија

Јаневска: Образованието со години служеше за социјален мир – следните 4 до 5 години ќе има минимални нови вработувања на наставници

Јаневска: Образованието со години служеше за социјален мир – следните 4 до 5 години ќе има минимални нови вработувања на наставници

Државата се соочува со сериозен дефицит на стручен кадар во одредени предмети, додека во исто време има вишок од над 3.000 наставници во однос на реалниот број ученици. Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во гостувањето на 4ТВ, нагласувајќи дека дефицитот се решава преку трикратно повисоки стипендии и можност за „доквалификација“ на сродни кадри, како што се машинските и електроинженерите, кои преку дополнителни испити по педагогија можат да предаваат во училиштата.

Осврнувајќи се на проблемот со наставниците кои со години работеле со договори на дело и без трансформација на работниот однос, Јаневска порача дека мора да се зборува отворено со младите кои се запишуваат на педагошките факултети.

„Анализите на МОН, УНИЦЕФ и Светска банка покажуваат дека имаме 3.000 наставници и 1.800 паралелки повеќе отколку што имаме реална потреба. За да се сочуваат работните места, паралелките вештачки се делеа, па стигнавме до ситуации да имаме паралелки со само едно или две деца. Образованието со години се користеше за одржување социјален мир, но тоа е голема грешка. Не сакаме да им даваме лажна надеж на луѓето – во следните четири до пет години ќе има минимални нови вработувања за наставниците сè додека не се постигне оптимален однос меѓу бројот на наставници и ученици“, истакна министерката.

Јаневска појасни дека постојниот кадар ќе се задржи преку ангажман во целодневната настава, дополнителните активности, секциите и изборните предмети. Сепак, таа подвлече дека наставниците ќе мора да му посветат повеќе време на престојот во училиштата и на работата со учениците, со цел да се прекине импровизацијата и конечно да се подигне квалитетот на знаењето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни