Времето утре ќе биде облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта, како и во сабота претпладне.
Според најавата на УХМР, временските услови ќе бидат под влијание на циклонска активност, поради што на места се очекуваат пообилни врнежи. Во одредени подрачја може да наврнат над 30 литри воден талог на квадратен метар.
Во Скопје, дожд се очекува утре попладне и во текот на ноќта. Во делови од Скопската Котлина врнежите ќе бидат со умерен, а повремено и со засилен интензитет.
Врнежливото време ќе продолжи и во сабота во претпладневните часови.