Македонија

Петров во 4ТВ: Неделава официјално ќе го доставиме планот во архивата на СДСМ

Петров во 4ТВ: Неделава официјално ќе го доставиме планот во архивата на СДСМ

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ во текот на оваа недела ќе го достави својот план до СДСМ, најави Андреј Петров во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Петров рече дека документот ќе содржи повеќе точки и конкретни предлози за тоа како, според нив, треба да се продолжи понатаму.

„Во текот на оваа недела планот наш е да биде доставен“, рече Петров.

Тој претходно појасни дека предлогот ќе биде доставен официјално, преку архивата на СДСМ.

„Предлогот ќе го доставиме во архивата на СДСМ, за да може да го прочита човек кој подобро разбира за што се работи“, изјави Петров.

Според него, планот треба да понуди демократско решение за состојбите во партијата, откако претходно ќе се анализира актуелната состојба и расположението меѓу членството.

„Тој план ќе содржи повеќе точки како да се продолжи натаму“, рече Петров, зборувајќи за следните чекори на платформата.

Петров во интервјуто посочи дека комуникацијата со раководството на СДСМ сама по себе не е проблем, туку, според него, проблем претставува недостигот од искреност во постапките.

„Проблемот не е комуникацијата. Проблемот е што нема искреност во постапките“, рече Петров во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Со доставувањето на планот, платформата практично треба да ги формализира своите предлози за промени во СДСМ и за натамошното дејствување.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни