Македонија

Дејан Јованов – Деко излегува во сабота од притвор: Одбраната понуди гаранција од 200 000 евра

Дејан Јованов – Деко излегува во сабота од притвор: Одбраната понуди гаранција од 200 000 евра
Фото: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Првообвинетиот за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која животот го изгубија 63 лица, Дејан Јованов – Деко, в сабота излегува од притвор. Причина за тоа е истекувањето на максималниот законски рок од една година за задржување во притвор.

Основниот кривичен суд на 3 октомври треба да ги одреди новите мерки за обезбедување на неговото присуство за време на судењето. Иако не е законски задолжително, одбраната на Јованов најави дека ќе понуди имотна гаранција во вредност од околу 200 000 евра како уверение дека тој нема да побегне од државата. Документацијата за гаранцијата моментално е на мислење во Јавното обвинителство, по што Кривичниот суд ќе треба да ја донесе конечната одлука.

Судскиот процес за случајот „Пулс“ досега се одвива со висок интензитет:

  • Одржани се 49 рочишта без ниту едно одложување;
  • Изведени се над 1 300 материјални докази;
  • Сослушани се 45 сведоци.

Судењето влегува во нова фаза со изведување на доказите на одбраната, во чии рамки е предвидено сослушување на дури 244 сведоци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни