Македонија

Се огласи Дон Џони за спотот снимен во „Македониум“: Немаше намера за провокација

Се огласи Дон Џони за спотот снимен во „Македониум“: Немаше намера за провокација

Новиот видеоспот на Дон Џони, „Sexy Mama“, предизвика реакции во Македонија поради сцените снимени во споменикот „Македониум“ во Крушево, а сега се огласи и самиот рапер.

Снимањето во објектот, кој е дел од заштитеното културно наследство, предизвика јавна дебата во земјата. Во меѓувреме, директорот на Националната установа „Историски музеј – Крушево“, Миха Оџаклиески, поднесе оставка.

По реакциите, Дон Џони преку објава на социјалните мрежи ги отфрли тврдењата дека видеоспотот имал цел да испровоцира или навреди.

„Само за појаснување: ниту јас, ниту мојот тим немавме никаква намера да провоцираме, да навредуваме или да ја намалиме вредноста на кое било место или симбол“, напиша раперот.

Тој објаснува дека локацијата била избрана од продукцијата и била дел од уметничкото сценарио на видеоспотот.

„Локацијата едноставно беше дел од сценариото и беше избрана од продукцијата. Немаше скриена порака, немаше тенденција за провокација и немаше друга намера освен уметноста“, наведува Дон Џони.

Раперот додава дека проектот не бил направен со цел намерно да предизвика полемики и да привлече дополнително внимание.

„Јас правам музика. Правам уметност. Снимам кратки филмови преку моите видеоспотови. Никаква тенденција. Никаква провокација. Само сценарио, локација и уметнички проект“, порача тој.

Дон Џони во објавата се осврна и на вниманието што го привлече видеоспотот во регионот, наведувајќи дека неговата музика добила голема изложеност.

На крајот, тој порача: „Вниманието го имам и повеќе одошто ми треба, нема потреба од драма!“

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни