Македонија

Пијан возач удрил 5-годишно дете на велосипед во Свети Николе

Пијан возач удрил 5-годишно дете на велосипед во Свети Николе
Фото: 4news.mk

Петгодишно дете е повредено откако било удрено од автомобил додека возело велосипед на улицата „Орце Николов“ во Свети Николе. Сообраќајната незгода се случила вчера попладне, а возачот на автомобилот бил под дејство на алкохол.

Според информациите од МВР, незгодата се случила на 30 септември околу 18:30 часот. Патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот М.Ј. од Свети Николе, удрило во велосипедот на кој било петгодишното дете.

Детето се здобило со телесни повреди и било прегледано во здравствена установа.

При преземањето мерки, кај возачот било утврдено присуство на алкохол во крвта од 1,74 промили. Полицијата го лишила од слобода М.Ј.

На местото на настанот бил извршен увид, а за случајот бил известен и јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, од МВР најавуваат соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни