Македонија

Во Скопје одбележан празникот на сите македонски светители и 40 години епископска служба на г.г. Стефан

Во Скопје одбележан празникот на сите македонски светители и 40 години епископска служба на г.г. Стефан

Со света утринска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје беше одбележан празникот на сите македонски светители. На богослужбата, во присуство на македонските владици, беше одбележано и 40-годишнината од епископската служба на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан.

Во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ со света утринска литургија беше одбележан Денот на сите македонски светители, во присуство на македонските владици. Во рамки на одбележувањето беше посочен и јубилејот – четири децении од епископската служба на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Во своето обраќање, архиепископот Стефан се осврна на периодот на искушенија низ кои минувала црквата. „За четириесет години доживеавме многу искушенија кога бевме отфрлани и непризнаени. Но мина време“, рече г.г. Стефан, додавајќи дека со трпение и со истрајност била одбранета „вистината за Охридската архиепископија и нејзината канонска наследничка Македонската православна црква“.

Тој го оцени денот како „голем свечен ден“ и упати благодарност за, како што рече, добиената мудрост и сила во период на неправди. „Му благодарам на Бога што на сите ни дарува потребна мудрост за достоинствено да ги поднесеме сите неправди“, рече архиепископот, посочувајќи и на моментот кога, според неговите зборови, во 2022 година било најдено „љубов и разбирање во православните кругови, да бидеме прифатени и признаени“.

Во обраќањето беше нагласено и значењето на духовното образование. Архиепископот посочи дека споменот на светите просветители упатува на пошироко разбирање на образованието, кое, според него, не е само стекнување знаење. „Човек може да е учен, но да е духовно неук“, истакна тој. Воедно, укажа и на недоволната застапеност на веронауката во образовниот процес, со оценка дека „ќе беше уште подобро доколку вероукот најде подостоен третман и место во нашето образование“.

На крајот од богослужбата беше упатена порака за продолжување на богослужбениот живот. Во прилогот беше потсетено и на клучните датуми од црковната служба на г.г. Стефан. Тој бил хиротонисан за епископ на 12 јули 1986 година во храмот „Свети Димитриј“ во Скопје, како митрополит злетовско-струмички. За петти поглавар на Македонската православна црква бил избран на 10 октомври 1999 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни