На 05.10.2026 во 03:15 часот во казино на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.Н.(40) , Ш.К.(41), А.Ј.(29) и Д.Р.(34), сите од Битола.
Според пријавеното, тие го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а во еден момент и физички нападнале вработен од обезбедување во објектот.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.