Две финансиски раководителки во Државна лотарија се соочуваат со различни мерки на претпазливост поради сомнение за проневера во службата. Едната е испратена во затвор, додека на другата ѝ е определен куќен притвор, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.
Мерките биле предложени од Основното јавно обвинителство Скопје, а се однесуваат на сомневања дека двете осомничени присвоиле пари што им биле доверени во рамки на нивните службени обврски.
Според информациите од Обвинителството, двете жени во текот на 2024 година не го уплатиле и не го депонирале целокупниот дневен промет што им бил доверен од продажните места на трансакциските сметки на Друштвото во деловните банки.
Наместо тоа, според сомнежите на Обвинителството, парите биле присвоени за нивни лични потреби.
На овој начин, како што е наведено, биле присвоени средства во вкупна вредност од околу 1,3 милиони евра.
Основниот кривичен суд Скопје ги определил мерките по предлог на Обвинителството, во рамки на постапката за сомневање за проневера во службата.