Македонија

12 возачи приведени, 10 возеле без положен возачки испит

12 возачи приведени, 10 возеле без положен возачки испит
Фото: 4news.mk

Десет лица управувале возило без положен возачки испит, еден возач бил под дејство на алкохол, а друг возел и покрај активната забрана за управување. Во текот на изминатото деноноќие, полицијата лишила од слобода вкупно 12 возачи на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, десетмина од приведените управувале возило без положен возачки испит. Меѓу нив се Б.Р. (21), 20-годишната М.Д., М.И. (18) и 16-годишник, сите од Скопје.

Без положен возачки испит возеле и Џ.Д. (68) и С.Л. (44) од Гостивар, 16-годишник од селото Чегране, гостиварско, С.Р. (29) и Б.С. (22) од Битола, како и А.М. (43) од Велес.

Полицијата го лишила од слобода и И.А. (47) од Скопје, кој управувал возило под дејство на алкохол, како и А.Ќ. (37) од Македонски Брод, кој возел и покрај тоа што имал активна мерка забрана за управување со возило.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол, со цел заеднички да придонесат за поголема безбедност на патиштата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни