Телото на 79-годишен маж од Скопје било пронајдено во селото Зрзе, во општина Долнени, а причините за неговата смрт треба да бидат утврдени со обдукција, по наредба на јавен обвинител.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 13 октомври 2026 година, околу 16:45 часот, во Полициското одделение Ропотово. Било пријавено дека во селото Зрзе е пронајден Т.Б. (79) од Скопје.
Смртта на мажот ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Прилеп.
На местото на настанот увид извршила екипа на ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.