Македонија

Земјотрес регистриран во Македонија

Земјотрес регистриран во Македонија

Слаб земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Југозападниот регион на земјата.

Според податоците од апликациите за следење на сеизмичката активност, земјотресот се случил во 15:34 часот на длабочина од 15 километри.

Епицентарот на потресот е лоциран на координатите 40.963°N, 20.769°E, односно во близина на брегот на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица, недалеку од Љубаништа.

Земјотреси со ваква магнитуда спаѓаат во категоријата на многу слаби потреси кои ретко предизвикуваат материјална штета и вообичаено се чувствуваат само од поосетливи лица или граѓани кои се наоѓаат во мирување на повисоките катови. Засега нема пријави за причинета штета.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни