Македонија

Од Зелен пазар и пазарот во Ѓорче Петров уништени над 5 тони овошје и зеленчук

Од Зелен пазар и пазарот во Ѓорче Петров уништени над 5 тони овошје и зеленчук

Засилените инспекциски контроли на зелените пазари продолжуваат со фокус на препродавачите кои нелегално продаваат овошје и зеленчук надвор од организираните пазарни простори. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најавува дека акциите ќе се спроведуваат на повеќе локации, откако минатата недела во Скопје беа запленети и уништени над пет тони небезбедна храна.

Контролите биле спроведени на скопскиот Зелен пазар и на пазарот во населбата Ѓорче Петров. Запленетите производи главно биле овошје и зеленчук кои се продавале нелегално и во несоодветни услови, без соодветно докажано потекло.

Од АХВ посочуваат дека ваквата трговија не претставува само ризик за здравјето на потрошувачите, туку и создава нелојална конкуренција. Најголема штета трпат примарните земјоделски производители и легалните трговци кои ги почитуваат законските прописи.

Активностите се реализираат во координација со комуналната инспекција на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, со цел спречување на нелегалната трговија и обезбедување законски услови за продажба на храна.

Агенцијата најавува дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, на различни локации во Скопје и низ државата. Главната цел е заштита на здравјето на граѓаните, спречување на прометот со небезбедна храна и обезбедување фер услови за сите учесници на пазарот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни