Свет

Се урна француски воен авион во близина на Нанси – еден член на екипажот загина, по вториот се трага

Се урна француски воен авион во близина на Нанси – еден член на екипажот загина, по вториот се трага

Најмалку еден член на екипажот загина, а по вториот сè уште се трага откако француски воен авион се урна за време на тренинг-лет во североисточниот дел на Франција. Несреќата се случила во вторникот вечерта, во близина на градот Нанси, а причините за падот засега не се познати.

Станува збор за воен авион од типот „Мираж-2000Д“, во кој се наоѓале пилот и копилот. Француското Министерство за одбрана ја потврди несреќата, додека надлежните служби продолжуваат со потрагата по вториот член на екипажот.

Остатоците од леталото биле пронајдени со помош на дрон, потврди градоначалникот на Понт-а-Мосон, Анри Лемоан. Според неговите информации, авионот се урнал околу 23:35 часот, во подрачјето меѓу населените места Рожевил, Домевр-ан-Е и Тремблејкур, на потегот меѓу Нанси и Мец.

Веднаш по несреќата, на местото биле испратени полициски и противпожарни екипи, кои работат на обезбедување на теренот и утврдување на точните околности под кои се случил падот.

Во Рожевил е воспоставен кризен команден центар за координација на активностите на службите. Локалното население, исто така, било предупредено за можни проблеми во сообраќајот во погоденото подрачје.

За утврдување на причините за несреќата е покрената судска истрага. Засега нема дополнителни информации за околностите што довеле до падот на воениот авион.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни