Македонија

Петровска откри зошто се повлекла од трката за лидер на СДСМ: Во списоците имаше лица со членски од ВМРО-ДПМНЕ, починати лица…

Петровска откри зошто се повлекла од трката за лидер на СДСМ: Во списоците имаше лица со членски од ВМРО-ДПМНЕ, починати лица…

Славјанка Петровска во „Ноќно студио“ на 4ТВ повторно се осврна на причините поради кои во јуни 2024 година се повлече од трката за претседател на СДСМ, посочувајќи сериозни забелешки за начинот на кој бил организиран внатрепартискиот изборен процес.

Таа објасни дека нејзиното незадоволство не било толку лично, колку што произлегувало од, како што рече, институционалните проблеми и начинот на функционирање на партијата.

„Во некоја општинска организација, во списоците кои беа дадени за регистрирани гласачи, се наоѓаа луѓе со членски книшки на ВМРО-ДПМНЕ, но се наоѓаа и луѓе кои, за жал, починале неколку години претходно“, изјави Петровска.

Таа оцени дека ваквите состојби создале лоша слика и дека не смее да се манипулира со членството, особено кога станува збор за избор на партиско раководство.

Петровска посочи дека во тој период ѝ биле нудени и одредени функции, но нагласи дека за неа суштинското прашање не било личниот политички статус, туку промената на системот во партијата.

Таа тврди дека и по промената на раководството не биле реализирани најавените реформи, поради што незадоволството меѓу членството продолжило да расте.

Нејзините изјави повторно го отворија прашањето за транспарентноста на внатрепартиските избори и потребата од јасни правила и контрола на процесите во СДСМ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни