Македонија

Студентите откорнале радијатор, се активирале и аларми – еве со какви проблеми се соочиле во „Стив Наумов“

Студентите откорнале радијатор, се активирале и аларми – еве со какви проблеми се соочиле во „Стив Наумов“

По информациите за запушената канализација поради фрлени влажни марамици во неодамна реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, Министерството за образование и наука откри дека во објектот биле регистрирани и други проблеми.

Според МОН, раководството на домот се соочило и со откорнат радијатор, активирани алармни системи, како и со автомобили паркирани на зелените површини во дворот.

Од Министерството појаснуваат дека алармниот систем бил активиран поради заборавена храна во вклучена микробранова печка во чајна кујна, но и поради запалена цигара во студентска соба.

„Раководството на домот се соочи со запушена канализација поради фрлени влажни марамици, активиран алармен систем поради заборавена храна во вклучена микробранова печка во чајна кујна, како и поради запалена цигара во соба, откорнат радијатор и паркирани автомобили на зелени површини“, наведуваат од МОН.

Од Министерството истакнуваат дека дел од проблемите може да настанат сами по себе, но дека одредени ситуации можат да бидат предизвикани и од корисниците на домот.

Посочуваат дека објектот е под гарантен рок и дека изведувачот постапува при појава на недостатоци, додека до студентите повторно упатуваат апел за одговорно користење на просториите и опремата.

Од МОН уверуваат дека сите досега регистрирани проблеми се надминати.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни