Во живо Отворено студио Избори Србија 2026
Балкан

Радев за слабата излезност: „Валканата“ кампања ги демотивираше гласачите

Радев за слабата излезност: „Валканата“ кампања ги демотивираше гласачите

Бугарскиот премиер Румен Радев упати повик до граѓаните да го искористат своето право на глас, оценувајќи дека активното учество на изборите е клучно за легитимитетот на институциите и заштитата на националните интереси.

Откако гласаше во Професионалната гимназија за транспорт „Мекгахан“ во Софија, Радев порача дека земјата има потреба од ефикасна и одговорна претседателска институција, со јасни ставови и принципи. Тој на гласањето пристигна без сопругата Десислава.

„Гласав за претседателска институција која е ефикасна и одговорна пред бугарските граѓани – институција во која националниот интерес е императив за сите органи на власта“, изјави Радев.

Тој нагласи дека во услови на непредвидливи времиња, на Бугарија ѝ е потребен претседател со знаење, искуство и подготвеност доследно да застане зад своите принципи.

Осврнувајќи се на излезноста, Радев оцени дека дел од граѓаните биле демотивирани од, како што ја нарече, „валканата“ предизборна кампања, обележана со оцрнување на противниците и наместени настани.

Како дополнителен фактор ја посочи големата разлика меѓу кандидатите пласирани на првото и второто место, која, според него, кај едните можела да создаде чувство на сигурност, а кај другите безнадежност.

„Ова создава чувство на сигурност во едниот табор, а можеби и чувство на безнадежност во другиот“, рече Радев, повикувајќи ги граѓаните да гласаат и да придонесат за легитимитетот на институциите.

На прашањето зошто потпретседателката Илијана Јотова, која на изборите добила поддршка од партијата на Радев, не учествувала во предизборна дебата, премиерот одговори дека таа никогаш не се плашела од соочување со политичките противници.

„Секој што ќе се осмели да ѝ излезе на црта во дебата, треба добро да размисли како ќе успее да излезе од неа“, додаде Радев.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни