Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Балкан

Првите прелиминарни резултати од изборите во Србија се очекуваат околу 21:15 часот

Првите прелиминарни резултати од изборите во Србија се очекуваат околу 21:15 часот

Претседателот на Републичката изборна комисија (РИК), Владимир Димитријевиќ, вечерва изјави дека првите прелиминарни резултати од денешните парламентарни избори во Србија се очекуваат околу 21:15 часот.

На прес-конференција во РИК, Димитријевиќ соопшти дека избирачките места во Србија главно биле затворени во 20 часот, со исклучок на оние каде што во моментот на затворањето имало избирачи кои сè уште не гласале, како и на местата каде што во текот на денот имало прекин на гласањето подолг од еден час.

Тој објасни дека првичните резултати ги утврдуваат избирачките одбори на самите избирачки места.

„Потоа резултатите и записниците се доставуваат до локалните изборни комисии. Таму резултатите се скенираат и се испраќаат до централата, каде што се внесуваат во евиденцијата. Нема да се чека да бидат обработени сите избирачки места, туку резултатите ќе се објавуваат сукцесивно, како што пристигнуваат и поминуваат низ контролата“, изјави Димитријевиќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни