Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ѝ честиташе на Студентската листа за победата на парламентарните избори во Србија, порачувајќи дека Европската Унија е подготвена да ги поддржи реформите во земјата.
Кошта на социјалната мрежа Икс наведе дека граѓаните на Србија излегле на гласање во рекорден број за да ја обликуваат иднината на својата земја.
„Подготвени сме да обезбедиме поддршка за реформите во областа на владеењето на правото, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и зајакнувањето на демократските институции и заедно да работиме на изградбата на иднината на Србија во Европската Унија“, порача Кошта.