Полициска акција на Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност се спроведува од утринава, со претреси на десетина локации.
Според првичните неофицијални информации, со акцијата се опфатени одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување. Меѓу осомничените, според истите информации, е и поранешниот директор на ФЗО, Ден Дончев.
Сомневањата се однесуваат на повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.
Повеќе детали за акцијата и официјални информации од надлежните институции се очекуваат во текот на денот.