Македонија

На Скопје му треба визија и стручна служба за градски архитект, смета Филиповска Тодорчевска

На Скопје му треба визија и стручна служба за градски архитект, смета Филиповска Тодорчевска

На Скопје му недостига долгорочна визија за развојот, а воведувањето градски архитект би имало смисла само со силен стручен авторитет и соодветен тим, оцени Билјана Филиповска Тодорчевска во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Таа посочи дека најнапред треба да се отвори поширока стручна расправа за иднината на главниот град и неговата улога во државата. Како различни размислувања во професијата ги наведе натамошното ширење на Скопје и можноста дел од администрацијата да се пресели за да се растовари градот.

Според неа, градскиот архитект мора да има компетентност и авторитет да соработува со градоначалниците.

„Тоа треба да биде служба на градски архитект“, нагласи таа.

Предупреди дека функцијата би ја изгубила смислата ако служи само како покритие за плановите на локалните власти и инвеститорите.

Филиповска Тодорчевска смета дека планирањето треба повторно да тргне од потребите на граѓаните — домување, образование, здравство и рекреација — наместо од стремежот за што повеќе квадратни метри.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни