Македонија

Расте потрошувачката за храна, пијалаци и тутун – прометот во септември зголемен за 24,1 процент

Расте потрошувачката за храна, пијалаци и тутун – прометот во септември зголемен за 24,1 процент

Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во септември годинава бележи значителен раст во споредба со истиот месец лани. Номиналниот промет во овој сектор е зголемен за 24,1 процент, додека реалниот пораст изнесува 19,4 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Раст на прометот е регистриран и кај продажбата на автомобилски горива. Во оваа категорија номиналното зголемување изнесува 38,7 проценти, а реалното 12 проценти.

Спротивна тенденција има кај трговијата на мало со непрехранбени производи, без автомобилските горива, каде што е забележан пад. Номиналниот промет е намален за 13,9 проценти, додека реалното намалување изнесува 9,2 проценти.

На ниво на вкупната трговија на мало, без трговијата со горива, статистиката бележи пораст од 3,9 проценти номинално и 4,7 проценти реално во однос на септември минатата година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни