По затворањето на избирачките места, вниманието во Брвеница е насочено кон пребројувањето на гласовите и објавувањето на првичните резултати од предвремените локални избори.
Граѓаните денеска гласаа за нов градоначалник по смртта на Јовица Илиевски, кој почина во јуни на 58-годишна возраст.
Во изминатите месеци со општината раководеше вршителот на должноста градоначалник Роберт Милошески.
Се очекуваат првите информации од Државната изборна комисија за исходот од гласањето.