СДСМ најави поднесување интерпелација за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, по случувањата поврзани со „Алта банка“ АД Битола и воведувањето привремена администрација во банката.
Од опозициската партија информираат дека утре, 2 ноември, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе одржи прес-конференција во Собранието, на која ќе ги соопшти следните чекори во врска со случајот.
Покрај интерпелацијата, Филипче ќе најави и барање за спроведување истрага и утврдување евентуална кривична одговорност за случувањата во банката.
Најавата доаѓа откако Народната банка воведе привремена администрација во „Алта банка“ АД Битола, како и ограничување од 10.000 денари неделно за одлив од сметките на физичките лица.
Прес-конференцијата на Филипче е закажана за утре во 11:30 часот, во прес-центарот на Собранието.