Во живо Вонредна прес конференција Зборува губернерот Трајко Славески Гледај
Балкан

Јотова пред победа во Бугарија – на изборите гласале околу 1,85 милиони граѓани

Јотова пред победа во Бугарија – на изборите гласале околу 1,85 милиони граѓани

Вториот круг од претседателските избори во Бугарија донесе значителна предност за Илијана Јотова, додека излезноста остана релативно ниска.

Според податоците на „Алфа рисрч“, на гласање излегле околу 1,85 милиони граѓани, односно 28,1 отсто од избирачите.

Социолошките проценки покажуваат дека Јотова има голема предност пред Андреј Ѓуров. Во паралелното пребројување, таа добива 57,1 отсто, наспроти 39,3 отсто за нејзиниот противкандидат.

Социолозите оценуваат дека поддршката од гласачите на партијата „Преродба“, како и мобилизацијата на граѓани кои не гласале во првиот круг, имале значајна улога во изборниот резултат.

Се очекува официјалното пребројување да го потврди конечниот исход од претседателската трка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни