Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
Македонија

УХМР најавува обилни врнежи: Локално се очекуваат над 60 литри на квадратен метар

УХМР најавува обилни врнежи: Локално се очекуваат над 60 литри на квадратен метар

Променливо и дождливо време ја очекува Македонија во наредните денови, со пониски температури и повремени врнежи кои на одделни места ќе бидат поинтензивни. Метеоролозите предупредуваат дека во некои региони може да наврне и над 60 литри дожд на квадратен метар, а врнежите ќе продолжат до вторник.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност, времето до вторник (3 ноември) ќе биде претежно облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд.

Пообилни врнежи се очекуваат денеска, утре кон крајот на денот, како и во текот на ноќта кон вторник.

Од УХМР информираат дека на повеќе места се очекува да наврнат над 25 литри дожд на квадратен метар во период од 24 часа, додека локално во текот на целиот прогнозиран период количината може да надмине и 60 литри на квадратен метар.

Обилни врнежи и во Скопје

Врнежливо и облачно време се очекува и во главниот град. Во Скопје до вторник ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а најобилни ќе бидат денеска, утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник.

Според прогнозата на УХМР, во Скопската Котлина за целиот прогнозиран период се очекува да наврнат повеќе од 40 литри дожд на квадратен метар.

Поради најавените врнежи, граѓаните треба да бидат внимателни при движење, особено на патиштата и на местата каде што при обилни врнежи може да дојде до задржување на водата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни