Македонија

Обилни врнежи од дожд денеска, од среда стабилизација – за викендот температури под нулата

Обилни врнежи од дожд денеска, од среда стабилизација – за викендот температури под нулата

Облачно време со повремени врнежи од дожд ќе преовладува денеска низ Македонија, а на одредени места се очекуваат и пообилни врнежи, со количини над 25 литри на квадратен метар.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието. Кон крајот на денот врнежите постепено ќе престанат.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Од среда следува стабилизација на временските услови. Во наредните денови се очекува суво време со променлива облачност, додека во одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла.

Од петок облачноста постепено ќе се намалува, а за време на викендот се очекуваат постудени утра. Минималните температури на одредени места ќе се спуштат под нула степени, што ќе донесе услови за појава на утрински мраз.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни