Променливо облачно, но претежно суво време нè очекува во наредните денови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Стабилизација на временските услови се очекува од утре, 4 ноември, а во втората половина од неделата ќе има и намалување на облачноста.
Според прогнозата на УХМР, во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла, особено во одделни котлини и пониски места.
Од петок се очекува постепено разведрување и намалување на облачноста, а за време на викендот ќе преовладуваат постудени утрински температури.
Најниските температури на одделни места ќе се спуштат под нулата, што укажува на продор на постуден воздух во утринските часови.