Балкан

Србија ја модернизира железницата кон Македонија – возовите ќе сообраќаат со брзина до 160 километри на час

Србија ја модернизира железницата кон Македонија – возовите ќе сообраќаат со брзина до 160 километри на час

Србија планира модернизација и реконструкција на железничката пруга од Брестовац до границата со Македонија, со што треба да се подобри железничкото поврзување меѓу двете земји во рамките на Коридорот 10.

Општина Бујановац го објави Просторниот план за инфраструктурниот железнички коридор, кој опфаќа површина од околу 95.005 хектари на територијата на Лесковац, Врање, Владичин Хан, Бујановац и Прешево.

Според планот, предвидена е модернизација на постојната едноколосечна пруга, при што на поголемиот дел од трасата возовите ќе можат да развиваат брзина до 160 километри на час. Исклучок е делницата Ѓорѓево – Сува Морава, каде што е предвидена максимална брзина до 80 километри на час.

Вкупната должина на железничката траса изнесува околу 131 километар. Делницата од Брестовац до Ѓорѓево е долга околу 30 километри, од Ѓорѓево до Сува Морава околу 36 километри, додека преостанатите 65 километри се протегаат до државната граница со Македонија.

Со проектот е предвидена и реконструкција и модернизација на железничката станица во Бујановац, која ќе остане на постојната локација, како и преместување на одредени станични објекти.

Модернизацијата на оваа железничка делница е дел од инфраструктурните планови за унапредување на Коридорот 10, кој претставува важна транспортна врска меѓу Србија, Македонија и останатите земји во регионот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни