Македонија

Младите брачни парови во Скопје ќе плаќаат помалку за изградба на првата семејна куќа

Младите брачни парови во Скопје ќе плаќаат помалку за изградба на првата семејна куќа

Младите брачни парови во Скопје добиваат можност за финансиско олеснување при изградбата на својот прв семеен дом. Град Скопје ја прифатил иницијативата со која се предвидува ослободување од плаќање на дел од надоместокот за уредување на градежното земјиште за изградба на првата семејна куќа.

Мерката има за цел да ги намали почетните финансиски трошоци за младите семејства кои сакаат да изградат сопствен дом. Ослободувањето ќе се однесува само на делот од надоместокот што му припаѓа на Град Скопје.

Тоа значи дека младите брачни парови и понатаму ќе треба да го платат делот од надоместокот кој, согласно законските прописи, ѝ припаѓа на општината на чија територија се наоѓа градежната парцела.

Право на оваа поволност ќе имаат брачни парови кај кои ниту еден од сопружниците не поседува друга станбена недвижност соодветна за живеење, а куќата се гради за нивни лични потреби.

Иницијативата до Град Скопје ја поднела советничката група на Левица, а нејзиното прифаќање отвора можност за намалување на трошоците за младите семејства кои се решаваат да го изградат својот прв дом.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни