Двајца мажи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 5:30 часот на автопатот во близина на аеродромот „Никола Тесла“, во правец кон Белград, потврдила белградската Итна помош за агенцијата Бета.
Според РТС, во судирот учествувале камион-цистерна и комбе, а возачот на цистерната останал заглавен во кабината.
Несреќата се случила на околу два километра од аеродромот. На местото биле испратени две екипи на Итната помош и пожарникари.
Сообраќајот бил нормализиран во 7:50 часот. Засега не се наведени причините за судирот.
Во друга сообраќајна несреќа, што се случила синоќа во 21:25 часот на улицата „Ратко Митровиќ“ во белградската населба Чукарица, полесно бил повреден 50-годишен маж. Тој бил пренесен во Ургентниот центар.
Белградската Итна помош во текот на ноќта имала вкупно 122 интервенции, од кои 15 на јавни места.