Македонија

Утре променливо облачно со сончеви периоди, локален дожд и магла – за викенд заладување

Утре променливо облачно со сончеви периоди, локален дожд и магла – за викенд заладување
ФОТО 4news.mk

Променливо облачно време со повремени сончеви периоди и услови за локални врнежи од дожд се очекува денеска во Македонија. Во западните делови од земјата можна е појава на слаб дожд, додека во одделни котлини ќе има услови за магла.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со можност за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

До почетокот на следната недела ќе се задржи нестабилно време, со променлива облачност и повремени локални врнежи од дожд.

Позначителна промена се очекува во петок, кога ќе дува засилен, а повремено и многу силен ветер од јужен правец.

Од сабота следува заладување, како резултат на продор на постудена воздушна маса од север, што ќе предизвика постепено опаѓање на дневните температури.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни