Во живо 20:00 „Ноќно студио“ со Анастасија Павловска „Кој ги следи студентите“ Гледај
Македонија

Павловска: Жените пријавуваат насилство, но институциите ги оставаат незаштитени – затоа се откажуваат од постапките

Павловска: Жените пријавуваат насилство, но институциите ги оставаат незаштитени – затоа се откажуваат од постапките

Голем број жени кои претрпеле семејно насилство се откажуваат од пријавите и започнатите постапки поради недоверба во институциите и страв за сопствената безбедност. Ова го истакна граѓанската активистка Анастасија Павловска во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Според неа, жртвите минуваат низ долги и исцрпувачки институционални процедури, додека насилниците често продолжуваат слободно да се движат и повторно да им се закануваат.

„Голем дел имаат пријавувано, но потоа голем дел се откажале од самите постапки, бидејќи ја виделе целата институционална голгота низ која треба да поминат. Тоа ги обесхрабрува“, изјави Павловска.

Таа посочи дека последните случаи на фемицид покажуваат сериозни пропусти во институционалната заштита и недоволна координација меѓу полицијата, центрите за социјална работа и обвинителството.

„Не зборуваме за политика, не зборуваме за тендери, не зборуваме за профити, зборуваме за човечки животи“, нагласи Павловска.

Активистката порача дека семејното насилство не смее да се третира како приватен проблем, туку како прашање на основните човекови права и одговорност на државата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни