Во живо 20:00 „Ноќно студио“ со Анастасија Павловска „Кој ги следи студентите“ Гледај
Македонија

Тошковски: И министри и директори плаќаат казни – никој не е поштеден од „Безбеден град“

Тошковски: И министри и директори плаќаат казни – никој не е поштеден од „Безбеден град“

Во првите десет месеци од годинава во сообраќајни несреќи во Македонија загинале 85 лица, наспроти 117 во истиот период минатата година. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, станува збор за намалување од околу 27 проценти.

Проектот „Безбеден град“ доби и меѓународно признание, освојувајќи го првото место во категоријата за извонредност во сообраќајната безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласува дека камерите и казните не се доволни за поголема безбедност на патиштата.

„Камерата не може да поправи небезбеден пат или да замени неисправни сопирачки. Секоја надлежна институција мора да го заврши својот дел“, порача Тошковски.

Од декември системот „Безбеден град“ ќе се прошири во Струмица и Штип, а од февруари следната година и во Битола. Најавено е и санкционирање на непрописното запирање и паркирање, како и воведување опрема во полициските возила за детектирање на брзината на автомобилите во движење.

Тошковски уверува дека казните важат за сите, без исклучок, посочувајќи дека санкции веќе плаќале и функционери, директори и други јавни личности.

Долгорочната цел на проектот, според министерот, е постигнување на таканаречената „Визија нула“ – сообраќај без загинати и тешко повредени лица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни